ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

недеља, 27. новембар 2011.

ЧИСТОТАТА КАКО ПРЕВЕНЦИЈА


ЧИСТОТА КАКО ПРЕВЕНЦИЈА
Лековите, вакцината или препаратите кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, не се единствената добра превенција за грипот или настинката.Заштита во најголема мера се заснова на низа хигиенски правила:
ВЕТРЕЈТЕ ГИ ПРОСТОРИИТЕ
За време на студените денови немаме многу желба за отворање на прозори. Но тоа е препорачливо не само наутро кога од спалната соба треба да го исфрлиме застоениот воздух, туку и во текот на целиот ден во училницата, дневната соба, секаде каде престојуваме. Неколку минутно проветрување нема значително да го излади просторот, но затоа ќе ни помогне да ги растераме вирусите и бактериите и да ја вратиме потребната влажност на воздухот што му е потребна на организмот.
ЧЕСТО МИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ
Во време на епидемии на грип или настинка, многу е важно добро да се внимава на хигиената на рацете. Тие треба редовно да се мијат, по можност со антибактериски или дезинфекционен сапун. Истражувањата покажуваат дека со допирање на очите, носот, устата и ушите ја зголемуваме можноста да се заразиме од некоја вирусна болест.
ЧИСТИ КРПИ
Знаете ли дека вирусите најдобро се развиваат на влажни површини, посебна хигиена  треба да се води за подовите во собите, особено во оние во кои престојува болниот. Затоа, крпите со кои бришете треба често да ги менуваме и до следната употреба да ги измиеме и добро да ги исушиме.
НЕ КАШЛАЈТЕ И НЕ КИВАЈТЕ ВО РАЦЕ
Според најновите истражувања, големиот број на настинки се шират преку непосреден контакт. Бактериите и вирусите се лепат за рацете, а еден од начините сами да се заразиме или инфекцијата да ја пренесеме на другите е ако устата при кашлање или кивање ја штитиме со рака. Затоа, за таа намена треба да користиме хартиено марамче и веднаш да го фрлиме во канта, а рацете добро да ги измиеме.
НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО ЛИЦЕТО
Иако за тоа не сме свесни, лицето за еден час во просек го допираме 15  пати. Тоа значи дека во времето кога владее грип или настинка, вирусите се поактивни и во организмот влегуваат преку  очи, нос или уста и постои голема веројатност да не нападнат, За време на некоја епидемија, би било добро да се внимава на автоматски движења и што помалку да го допираме лицето со рацете.
ИСПИРАЈТЕ ЈА НОСНАТА ПРАЗНИНА
Одржување на носот чист со помош на хартиени марамчиња не е доволно за време на грипот или настинката. Подобро е да се стекне навика да се плакне носот со млака, солена вода, со што би се подобрило влажнењето на слузницата. Со прстот треба да се затвори едната ноздра и малк раствор да повлечете во носот, внимавајќи да не ни влезе во грло.
ВЛАЖНЕТЕ ГО ВОЗДУХОТ ВО ПРОСТОРИЈАТА
Пр начин на одбрана од вирусите и бактериите, е всушност здравата слузница на дишните патишта. За да тие функционираат како што треба потребна им е определена влажност.Ако патиштата во носот се суви, слузницата атрофира и влакненцата не успеваат да ја остварат својата важна задача а таа е да ги пренесат ирусите и бактериите до ждрелото, вирусите и бактериите лесно налегуваат во организмот и се разболуваме. Ако дома или воучилница имаме парно греење на него можеме да ставиме сад со вода во кој ќе капнеме неколку капки миризливо дезинфекционо седство, масло од еукалиптус или ментол. Ако пак користиме електричен навлажнувач на воздухот, секој ден мијте го апаратот со вода, за да тој не би се претворил во одгледуачница на вируси и бактерии, кои тогаш би се пренесувале преку воздхот.
ПИЈТЕ МНОГУ ТЕЧНОСТИ
Чоековото тело се состои од 75% течност доволни за добро работење на органите. Водата го чисти организмот, му ја враќа влажноста и овозможуа побрзо да се исчистат отровите. Односно отпадните материи од метаболизмот. Здрава возрасна личност, за да не ги оптовари органите, треба да пие најмалку осм чаши вода на ден.За да  откриете дали внесвате доволно течност, треба да ја погледнете бојата на урината. Ако е  светла и проѕирна, тоа е знак дека довоно сте пиеле течности, но ако е со силна, жолта боја, треба повеќе да пиете.
НАЈСТАРИОТ ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК  - ЛУКОТ 
Лукот меѓу народот е познат како природен антибиотик, како зачин и лек понат е со векви, а последните години интензивно се испитува неговото својство. Докажано е дека ги ублажува воспалениата кај настинките, ги убива штетните бактерии, го јакне одбрамбениот механизам на телото, а превентивно влијае против инфаркт и мозочен удар. Во 100 g лук има 181 mg калциум, што е меѓу најголемите вредности во светот на билките. Содржи 30 mg витамиин С, а многу е важно што содржи два силни антиоксиданси селен и германиум, кои заедно со витаминот С се одлична одбрана против слободните радикали кои се одговорни за дегенеративните болести и за брзото стареење. Речиси нема болест за која народот не ја испробал моќта на лукот, но најмногу се користи како антисептик, односно средство за антибактериско влијание. Особено е попларен за дезинфекција на слузницата, против настинките, грипот, ја олеснува кашлицата и се користи за искашлување како чај или течност за  инхалирање на синусите, но и суров (здробен лук) со мед. Лукот се користи свеж, како паста, сок, маст, облоги, чај, тинктура, екстракт за инхалација, сув прашок, таблети и маслен екстракт о капсули.
Дали лукот и препаратите од него се еднакво делотворни?
Суровиот лук е најјако средство, но се одбегнува поради силната миризба, а ако сакаме побрзо да се ослободиме од цревните бактерии ќе го користме.
Доколку посакате народна превентива искористете ја оваа рецпта: 200 g лук здробете ги и натопете во еден литар ракија. Течноста треба да стои две недели. Потоар. се процедува и се чува во фрижидер. Се пијат по 20 капки од течноста, секоја вечер.

недеља, 13. новембар 2011.

Digital Media Sites (за сите што имаат желба нешто да објават)

Блог Софтвер и хостинг опции: 

BLOGGER -   
http://www.blogger.com/home

WORD PRESS
http://wordpress.org/

MovableType
http://www.movabletype.com/

Text Pattern
http://textpattern.com/

LIVE JOURNAL
http://www.livejournal.com/

POSTEROUS
https://posterous.com/

TUMBIR
https://www.tumblr.com/


Веб софтвер и хостинг опции:

GOOGLE SITES
https://accounts.google.com/ServiceLogin?continue=http%3A%2F%2Fsites.google.com%2F&followup=http%3A%2F%2Fsites.google.com%2F&service=jotspot&passive=true&ul=1

 JOOMLA
http://www.joomla.org/

AMAYA
http://www.w3.org/Amaya/Overview.html

KOMPOZER
http://www.kompozer.net/

NVU
http://www.nvu.com/

NOTEPAD
http://notepad-plus-plus.org/

BLUEFISH
http://bluefish.openoffice.nl/index.html

SeaMonkey
http://www.seamonkey-project.org/

Trellian WbPage
http://www.trellian.com/webpage/index.html

FileZila
http://filezilla-project.org/

CYBERDUCK
http://cyberduck.ch/


Анимациски софтвер и хостинг опции:

Google SketchUp
http://sketchup.google.com/

PENCIL
http://www.pencil-animation.org/

BLENDER
http://www.blender.org/

INKSCAPE
http://inkscape.org/

Фото Есејски Софтвер и хостинг опции:

FLICKR
http://www.flickr.com/

PICNIK
http://www.picnik.com/

PICASA
http://picasa.google.com/linux/

SEASHORE
http://seashore.sourceforge.net/The_Seashore_Project/About.html

FastStone
http://www.faststone.org/

Dogwaffle
http://www.thebest3d.com/dogwaffle/free/

phpGraphy
http://phpgraphy.sourceforge.net/


Видео, Аудио Софтвер и хостинг опции:

YouTube
http://www.youtube.com/

Vimeo
http://vimeo.com/

SchoolTube
http://www.schooltube.com/

AVIDEMUX
http://avidemux.berlios.de/index.html

 AUDACITU
http://audacity.sourceforge.net/

iLife iMovie
http://www.apple.com/ilife/imovie/

GarageBand
http://www.apple.com/ilife/garageband/










субота, 12. новембар 2011.

ЖИВИТЕ ЈАЗИЦИ ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ


МЕТЕОРОЛОГИЈА


МАШИНА КОЈА ПРЕНЕСУВА МЕХАНИЧКА ЕНЕРГИЈА


ФИЗИКА 2010 - 2011


Eno Climate Change Campaign


ENO Tree Planting Day


Заедно за училишта без насилство (Together for the schools without violence)

Together for the schools without violence

1. Violences happen even at school.
2. What can I do in school to stop violence.
3. To stop violence I neet to encourage the others to study and  

    behave.
4. When I walk in class I should always have a smile an my face.
5.When I get a bad grade I neve hold a greudge.
6. I recognize when needs help.
7. I share my Knoledge.
8. I share hapiness.
9. I encoorege other peoples sucsess.
10. I join the after school clob "LITTLE INVESTIGATOR"

                                         Dimitar Miladinov - Macedonia


ХЕМИЈА 2010- 2011

video
video

среда, 09. новембар 2011.

Одбојкарски натпревар: ученици - наставници

                                               08. 11. 2011 - Митровден



            Патрониот празник на училиштето "Димитар Миладинов"  се слави на Митровден. Прославата се состои од многу ученичко - наставнички манифестации со едукативен и забавен карактер.













Да не ги заборавиме минатогодишните кошаркари:



Светилки за оние без светлина - Мајка Тереза


Од циклусот "Светилкаи за оние без светлина"
портрет на Мајка Тереза

 (1910 - 1997)

Мисионерка, родена во Скопје добитник на Нобелоата награда за мир, оснувач на свој католички добротворен ред во Калкута.

Молитва на Мајка Тереза


Човекот е неразумно, алогично суштество,
тоа е себично суштество,
- не е важно, сакај го!


Ако правиш добро, ќе кажат дека тоа го правиш
од саможиви цели.
Не е важно. Прави добро! 

При остваеувањето на своите цели
ќе стекнете лажни пријатели и искрени пријатели
- Не е важно, остварувај ги твоите цели!

Доброто што го правиш, ќе биде заборавено утре
- не е важно прави добро!

Чесноста и искреноста ќе те направи ранлив
- Не е важно, биди искрен и чесен!

Онаа што си го создавал со години
може да биде разурнато во еден миг.
- Не е важно. Создавај!

Ако им помагаш на луѓето можеш да минеш лошо.
- Не е важно. Помагај! 

Му го даваш на светот најдоброто од себе,
а тој ќе ти возврати удари.
- Не е важно. Давај го најдоброто од себе!
 


                                                                    Клб "Млади истражувачи"
                                                                    ОУ "Димитар Миладнов" 
                                                                    Општина Центар Скопје 

Македонија - ризница на здрава храна

 одделенски проект:
           "Македонија - ризница на здрава храна"


Клуб "Млади истражувачи"
ОУ  "Димитар  Миладинов" 
Општина Центар Скопје

ЦВЕТНИ МЕЧИЊА (икебани)

                                   ЦВЕТНИ МЕЧИЊА


Само да ги гледаш, галиш и мирисаш.


 Изработиле учениците од четврто одделение:
1. Ивона Стојанова,
2. Марија Ангеловска,
3. Христо Аврамовски,
4. Сара Коцевска,
5. Ангела Алексовска,
6. Марио Момировски,






7. Матеа Младенова,
8. Теодора Стаменковска,
9. Стојан Зорковски,
10. Кристина Настевска,
11. Крунислав Дашковски,
12. Евгениј Акушев,
13. Стефан Јаќоски,




14. Ирина Петрушевска,
15. Ангела Петковска,
16. Анастасија Јаневска,
17. Давид Петровски,
18. Јана Јовчевска,
19. Елена Заревска,


ментор: Снеже Тодорова



Портрет на Димитар Миладинов



                       Од проектната активност 
                   "Светилки за оние без светлина"
 
 
Портрет на Димитар Миладинов


         Димитар Миладинов е централна личност на македонската преродба. Тој е просветител, предводник на народното будење против грчките стремежи за однародување на македонците во деветнаесетиот век. Собирач е на народни умотворби, во што му помагале неговите ученици и брат му Константин. Плод на оваа дејност е Зборникот, објавен 1861 год. , дело со голема , повекекратна вредност: културна, национална, историска.



                                    (1810 - 1862)


Еден од првите борци за националното ослободување  за сестрано клтурно и материјално развивање на Македонците. Од него секој Македонец има што да научи. Неговиот пример е пример достоен за следење, тој е најсјајната светилка за сите нас што уште сме без светлина.
Што ни порачува нашиот патрон:
"Горе главите! Го укоруваат нашиот јазик и го нарекуваат варварски, еден од најстарите јазици! Грците не одекуваат. Но тоа е стара песна  .  .  .  .
Да се збогатиме со мисли и идеи на нашиот јазк, потоа да учиме и дрги јзици."


                                   Клуб "Млади истражувачи"
                                   ОУ "Димитар Миладинов"
                                   Општина Центар Скопје

субота, 05. новембар 2011.

ПРОЕКТИ НА ТЕМА - ЕКОЛОГИЈА



Е К О Л О Г И Ј А


Шарко и Жапко го спасуваат светот


Вовед:
Проектот е од областа на екологија, поточно ги опфаќа повекегодишните проектни активности во кои учествуваме во периодот од 1998 до 2010 год. Онаа што го започнале нашите претходници ние го продолживме и се гордееме со стореното. Веќе 12 години сме ГЛОБЕ училиште, 4 години ЕНО училиште, 2 години АРМАЛОВО училиште, 4 години ЕКО училиште, а завршивме и многу наши Еко проекти предводени од нашите екологисти чии маскоти се Шарко и Жапко.
Се обидуваме да го решиме проблемот на глобалното затоплување и климатските промени и да оставиме убави спомени на Земјата.
Цели на проектот:
- Сакаме на сите жители на нашиот град да им ја наметнеме грижата
  за нашата планета;
- Сакаме да не подржат сите училишта ширум светот и да влијаат на     
   жителите во своите земји; 
- Сакаме да живееме во почиста и позелена средина
- Сакаме целосно да се исфрлат од употреба најлонските кеси;
- Сакаме целосно да се отстранат пластичните шишиња;
- Не сакаме диви депонии;
- Сакаме секое празно место да биде засадено со дрво или цвет?

Како ја истраживме потребата од нашиот проект 
Направивме повеќе истражувања.Најинтересниот начин на прибирање на значајни информации е од најмалите соученици. Им одржуваме неколку работилници (изработувавме играчки и честитки од отпад) и им дадовме задача да набљудуваат и да не известуваат, како се однесуваат возрасните во нивното семејство: 
Кога одат да купуваат, дали носат платнени торби? 
Како ги мијат рацете?
Дали се тушираат или ја полнат кадата при бањање?
     Какви светилки користат? 

Истражување во однос на историјата на нашиот проект: 
13 години успешно го спроведуваме меѓународниот проект „GLOBE“ (глобално учење и набљудување во корист на животната средина), 3 години „ENO“ ( околина на линија), 2 години„ARMAL“ - заштита на питката вода во училиштето и многу други училишни проекти како што се: "Македонија – ризница на здава храна"; „Вреди да се штеди“; „ Кажи да, да за животот“; „Одржување на личната хигиена“; „Светилки за оние без светлина“, „Како јас да придонесам да се намали загадувањето и глобалното затоплување на планетата Земја „ и др. 
Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика за натпреварите по метеорологија (2009 год. Освоивме II награда на државниот натпревар – Теа Спасовска, 2010 год. IV награда – Емилија Лазаровска).
Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме повеќе од 50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија (2009 год. III награда на регионален натпревар– Вера Трајчева, 2010 год. III награда - Ангела Трајковска)
Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“.
За сработеното во 2009-2010 год. во училиштето донесовме 70 сертификати и 21 диплома.


Каква беше ситуацијата на самиот почеток од проектната активност?
Ситуацијата на нашите почетоци е помалку интересна од почетоците на нашите претходници. Како што раскажуваат, редовно ги мереле температурите на воздухот и почвата, влажноста на воздухот, облачност, но немале интернет и не можеле редовно да ги праќаат податоците. Оделе во интернет кафулиња, и по разни претпријатија молеле да им се дозволи да ги испратат податоците. Кога ја собирале пластиката и отпад по дворовите им се смееле врсниците. На нас тоа не ни се случува. Имаме интернет дома и никој не ни се смее за нашата работа. Често не пофалуваат, но ние сакаме да ни се придружат.

http://www.youtube.com/watch?v=1HXnNfqhPS8&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=z0Y5P4wkPqc&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=GMCjDlM7lHQ&feature=channel_video_title

На приложените линкови можете да видите:
  • Внесовме над 9500 податоци на ГЛОБЕ,
  • Освоивме награда за труд на тема ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ – 2009 и 2010,
  • Редовно учествуваме на ЕКО конкурси и освојуваме награди,
  • Освоивме награди за трудовите на теми од ЕКОЛОГИЈА во 2009 и 2010,
  • Освоивме награда во конструкторство 2010 (Теслин трансформатор од отпадоци),
  • Изработивме еколошка машина која пренесува енергија,
  • Направивме ЕКО календар,
  • Организиравме неколку кампањи против климатските промени и др.

Наши досегашни резултати:
- Научивме да организираме ефектна ЕКО – кампања,
  • Научивме да изработиме еко – постер, еко – маска, еко – флаер, еко – парола, еко – порака и друг пропаганден материјал за подигнување на еколошка свест.;
  • Ја запонаваме пошироката јавност со наши проекти.
  • Засадивме многу дрвја.
  • Исчистивме многу депонии.
  • Учиме да соработуваме со локалната самоуправа и медумите;
  • Ги учиме возрасните да ја почитуваат нашата планета, да направат секој ден да биде Ден на планетата Земја и да ни ја остават во наследство здрава.
     
    Како го мериме нашиот успех:
    По квалитетот на трудовите со кои учествуваме на разни натпревари и добро се пласираме, по заклучоците до кои доаѓаме со нашите истражувања, а подоцна биле потврдени од некои научни институции, по количествата на собраните пластични шишиња, по бројот на засадените дрвца . . . .

    Кус опис на проектот:
    Да живееш, значи да бидеш одговорен, како за своите дејствија, така и за дејствата на другите. Ако својата одговорност ја оставиш во туѓи раце, ја ризикуваш не само твојата иднина, туку и иднината на целата планета.

    Историја на проектот:
    Проектот Шарко и Жапко го спасуваат светот започна на 21.09.2007 год. Кога се приклучивме кон виртуелното еколошко училиште ЕНО, со седиште во Финска.
    Ја прифативме нивната маскота – жабецот Франк, на која за многу кусо време и додадовме и нашата маскота, малото кученце – Шарко. Се што сработиле малите Шарко и Жапко запишавме во стихови. Со стихотворбата е опишана историја на нашиот проект.

    ШАРКО и ЖАПКО ГО СПАСУВААТ СВЕТОТ

    Предминатата година
    малиот Шарко,
    го спасуваше светот,
    а минатата садеше дрвја
    и го боеше цветот.

    Оваа година,
    малиот Шарко
    се здружи со умниот
    жабец Жапко.

    Сега се во мисла,
    двете умни глави:
    Што понатаму
    со светот да се прави?

    Само со работа
    не гледат спас,
    ќе мора силно
    да кренат глас.

    Решија цврсто
    двете умни глави,
    на загадувањето
    крај да му се стави.
    Им се придруживме вчера,
    кренавме глас,
    за планетата наша
    побаравме спас.

    Шарко и Жапко,
    добро се согласуваат
    и од секој отпадок
    нешто ново составуваат.

    Најдобри се другари
    и не мислат на делба,
    од секој собран отпадок
    прават нова желба.

    Направија честитки
    за божиќ што отиде
    сакаат чисто и весело
    на сите да ни биде.

    Денес пак се тука,
    со нив се е можно,
    од Вас сега бараат
    да настапите сложно.

    Од вас помош бараат,
    кренете го гласот,
    ппријатели наши,
    во вас лежи спасот.


    Активности од една манифестација:
    КАМПАЊА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
    • На 21 септември наутро се поделивме на две групи,
    • Помалата група (30 ученици) отидоа во Ѕвон – МТВ,
    • Другите отидоа во училишниот двор каде точно на пладне садеа дрвја, одржаа говор и мала приредба за Шарко и Жапко
    • Од дворот отидоа на плоштад каде на случајните минувачи им делеа флаери и страничници со еко пораки.
    • Целиот настан го следеше новинарот од Наш свет и развигор.
    • Ги известивме пријателите низ целиот свет (сите ЕНО виртуелни училишта од 120 земји) кои на ист начин го одбележале овој ден – Ден на мирот.

    Резултати од активностите:
    Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика и за натпреварите по метеорологија .
    Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме 50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија.
    Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“.
    За сработеното во 2009-2010 год. во училиштето донесовме 70 сертификати и 21 диплома.
    Забележуваме дека екологија е се почеста тема по медиумите, често не канат да гостуваме во училишните ТВ емисии, за нас пишуваат медиумите.
    Сметаме дека сме едни од виновниците што се намалува употреба на најлонските кеси, што имаме помалку депонии и се зголеми продажбата на штедливите светилки.

    Користена литература:
    трудови од нашите соученици
    ОУ "Димитар Миладинов"
    Општина Центар Скопје
    Клуб "Млади истражувачи"
    април 2011






ENO Climate Change Campaign



  

АРМАЛОВО УЧИЛИШТЕ "ДИМИТАР МИЛАДИНОВ"