ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

среда, 09. новембар 2011.

Портрет на Димитар Миладинов



                       Од проектната активност 
                   "Светилки за оние без светлина"
 
 
Портрет на Димитар Миладинов


         Димитар Миладинов е централна личност на македонската преродба. Тој е просветител, предводник на народното будење против грчките стремежи за однародување на македонците во деветнаесетиот век. Собирач е на народни умотворби, во што му помагале неговите ученици и брат му Константин. Плод на оваа дејност е Зборникот, објавен 1861 год. , дело со голема , повекекратна вредност: културна, национална, историска.



                                    (1810 - 1862)


Еден од првите борци за националното ослободување  за сестрано клтурно и материјално развивање на Македонците. Од него секој Македонец има што да научи. Неговиот пример е пример достоен за следење, тој е најсјајната светилка за сите нас што уште сме без светлина.
Што ни порачува нашиот патрон:
"Горе главите! Го укоруваат нашиот јазик и го нарекуваат варварски, еден од најстарите јазици! Грците не одекуваат. Но тоа е стара песна  .  .  .  .
Да се збогатиме со мисли и идеи на нашиот јазк, потоа да учиме и дрги јзици."


                                   Клуб "Млади истражувачи"
                                   ОУ "Димитар Миладинов"
                                   Општина Центар Скопје

Нема коментара:

Постави коментар