ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

четвртак, 14. јун 2012.

КЛУБ НА МЛАДИ ООЦК ЦЕНТАР


ДА ИМ ПОСАКАМЕ СРЕЌА
НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СУГС „Јосип Броз Тито“
ПОБЕДНИЦИТЕ ОД НАТПРВАРОТ ПО ПРВА ПОМОШ, ПРОДОЛЖУВААТ СО ПОДГОТОВКИ ЗА ДРЖАВЕН И БАЛКАНСКИ НАТПРЕВАР.
Долгогодишната традиција на негување за подигање на јавната свест за значењето на првата помош, и оваа година ООЦК Центар ги покажа преку успешната реализација на општинскиот натпревар по прва помош.
Натпреварот се одржа на 04.06.12 во кругот на ОУ * Димитар Миладинов * , а во натпреварувачкиот дел учествуваа 16 екипи од кои 4 од категоријата на младина и 12 од категоријата подмладок.
Во категорија младина првите три места ги завземаа :
1. СУГС * Јосип Броз Тито*
2. СМУГС * Д-р Панче Караѓозов*
3. СУГС * Раде Јовчевски Корчагин *
Додека во категоријата подмладок најдобрите три екипи беа :
1. ОУ * Гоце Делчев*
2. ОУ *Кочо Раин ( 1 екипа )
3. ОУ * Кочо Рацин * (2 екипа )
Натпреварувачкиот дух беше присутен во текот на целиот натпревар,што придонесе учесниците да се потрудат на најдобар начин да го покажат наученото.
Екипата на СУГС * Јосип Броз Тито* ке се подготвува во летниот период за државниот натпревар кој ке се одржи во септември.
Додека, пак првите три екипи од категоријата подмладок ќе имаат повторно можност да ги покажат своите знаења од областа на првата помош на градскиот натпревар кој ке се одржи на 07.06.12

ИНФОРМАЦИИТЕ ПРЕВЗЕМЕНИ ОД
КЛУБ НА МЛАДИ ООЦК ЦЕНТАР



уторак, 12. јун 2012.

ПОЛУМАТУРАНТИ 2004/2012


Ви посакувам се најдобро, посакувам само успеси да ве следат.


За само три години станавме големо семејсто.

Ги прележавме сите детски болести заедно.

Научивме што е тимска рабта.

Дававме, земавме и никогш никој не беше оштетен.

Денес се разделивме.

Со мислите и со срцето ќе бидеме задно.
осмоБвци 2012

субота, 09. јун 2012.

ПОЛУМАТУРСКА ЗАБАВА - ОУ "ДИМИТАР МИЛАДИНОВ" (07.06.2012)


На седми јуни сите осмоодделенци од ОУ “Димитар Миладинов” беа собрани пред дискотеката “69” по повод нивната полуматура. Блицовите доаѓаа од сите страни. Во 21 часот влеговме возбудено во дискотеката. Не поседевме ни пет минути, веднаш не понесе ритмот од музиката. Тие три часа поминаа веднаш. Точно на полноќ веќе бевме упатени кон училишниот двор, каде ја поминавме целата ноќ. Утрото сите поспани ги очекувавме трубачите. Кога тие дојдоа уморот моментно го снема. Игравме и се веселевме. Сите бевме среќни. Наеднаш се свестивме. Времето поминато заедно заврши. Ова беше крајот. Солзите ни надојдоа. Осум години заедно и сега се е готово. Но, секој ќе ги памети овие години кога бевме заедно едни покрај други и едни за други секогаш.
известувач: Сања Михајловска
08.06.2012