ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

петак, 8. јун 2012.

ТАЛЕНТ ШОУ – ОУ “ДИМИТАР МИЛАДИНОВ” - ФИНАЛЕ - 07.06.2012


Избор за Најталент во
ОУ Димитар Миладинов”, оддржан на 7.06.2012

На 7.06.2012 година во свечената сала во ОУ Димитар Миладинов”, Скопје се оддржа манифестацијата по повод финалниот избор за “Најталент”. Изборот, кој е во организација на Училишната заедница, се оддржува прв пат во нашето училиште, а искрено се надеваме дека ќе премине и во традиција.

Изборот започна во месец мај и преку неколку аудиции ги избравме 16-те таленти од нашето училиште. Нашето стручно жири составено од наставничката Нада Молеровиќ, наставничката Грозданка Стојковска и психологот Ана Ристевска Мурџевска ги оценуваа нашите финалисти со бодовна скала од 5, 8 и 10 поена. Но, во финалниот избор за талент во нашето училиште ја вклучивме и публиката. Тие можеа да гласаат за нивниот фаворит и истиот со нивна помош да стане првиот победник во ова талент шоу. Во четвртокот проследивме 16 настапи, 16 извондредни таленти. Изборот беше навистина тежок, но сепак моравме да избереме победници.

Стручното жири избра 5 победници со ист, рекорден број на гласови (70). Тие се:

1. Марија Илиевска, ученичка во VII-В одделение, која со својот лирски, нежен, но и моќен глас ги плени срцата на стручното жири и стана миленик на публиката.

2. Ивона Давчевска и Марија Лазароска, прекрасните ученички од VII-В одделение кои со своите танцувачки изведби на различни музички жанрови го освоија стручното жири и брзо станаа миленици на публиката.

3. Ивона Давчевска, ученичка во VII-В одделение која се претстави и со соло-танцувачки настап.

4. Група ученици од VII-А одделение кои се претставија со една навистина интересна, креативна и занимлива драматизација.

5. Ненад и Јане, ученици во V-2 оддление кои во придружба на музички инструменти исполнија неколку нумери.

Победници од публиката се Ненад и Јане, ученици во V-2 оддление.

Искажуваме огромна благодарност до сите чинители, учесници, гости и присутни. Им благодариме за присуството и воедно Ве покануваме на следните дружења и манифестации во нашето училиште.

репортер: Филип Поповски VIIв одделение

1 коментар:

  1. Ceshtitki za uchesnicite a posebno na pobednicite ...a i za uchilishteto za promoviranje na Dimitar Miladinov....sekoe dobro...

    ОдговориИзбриши