ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

субота, 09. јун 2012.

ПОЛУМАТУРСКА ЗАБАВА - ОУ "ДИМИТАР МИЛАДИНОВ" (07.06.2012)


На седми јуни сите осмоодделенци од ОУ “Димитар Миладинов” беа собрани пред дискотеката “69” по повод нивната полуматура. Блицовите доаѓаа од сите страни. Во 21 часот влеговме возбудено во дискотеката. Не поседевме ни пет минути, веднаш не понесе ритмот од музиката. Тие три часа поминаа веднаш. Точно на полноќ веќе бевме упатени кон училишниот двор, каде ја поминавме целата ноќ. Утрото сите поспани ги очекувавме трубачите. Кога тие дојдоа уморот моментно го снема. Игравме и се веселевме. Сите бевме среќни. Наеднаш се свестивме. Времето поминато заедно заврши. Ова беше крајот. Солзите ни надојдоа. Осум години заедно и сега се е готово. Но, секој ќе ги памети овие години кога бевме заедно едни покрај други и едни за други секогаш.
известувач: Сања Михајловска
08.06.2012

1 коментар:

  1. Aida bravo na pozrtvuvanost za vremeto shto go posvetuvash za ureduvanjeto na blogot -postovite i tvojata zelba a uspesh se da objavish mn sum radosna shto ima kade da ve sledime pozdravche...:)

    ОдговориИзбриши