ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

недеља, 3. јун 2012.

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА (19.05.2012)


 36 државен натпревар по физика за основните училишта од земјава се одржа во Пехчево, во ООУ ,, Ванчо Китанов ,,. Околу 200 ученици од сите градови од Македонија се натпреваруваа на полето на физиката, а најдобрите се закитија со награди. Натпреварот започна во 10:15 ч. со свечена акдемија на учениците од ООУ ,, Ванчо Китанов ,,, а натпреварот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Пехчево д-р Јованчо Станоевски.
Од седмооделенците прва награда освои Ирина Шафкуловска од Битола, втора Петар Поповски од Охрид, третата награда ја поделија Јасмина Ржаникоска од Прилеп и Душан Терзиќ од Пробиштип. Од осмооделенците, најдобар беше Андреј Поповски од Прилеп, а втората награда и третата награда им припадна на охриѓанките Сања Симовиќ и Анастасија Игњатовска. Според правилата на натпреварот учесниците, кои имаа над 90 поени се закитија со првото место, над 80 поени со 2 место, над 70 поени за трето место, а сите со освоени над 50 поени добија пофалници од друштвото на физичари, меќу кои беа и нашите ученици: Тамара Барсова и Леонид Рене Томас Караџинов.
Известувач: Филипа Сара Попова

Нема коментара:

Постави коментар