ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

недеља, 16. септембар 2012.

16 СЕПТЕМВРИ - Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка


16 СЕПТЕМВРИ - Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка
Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да мислат на тоа.
Од 1995 година 16 септември во светот се одбележува како Меѓународен ден за заштита и зачувување на озонската обвивка.
Експертите истакнуваат дека озонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и дека тој е одоговорен за спречување на околу 98 проценти од УВ зрачењето.
Научниците уште во 1970 година открија дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол, а оваа промена е означена како „озонска дупка“. Врз нејзиното зголемување влијае присуството на некои штетни гасови, односно супстанци во атмосферата.
Со цел да се спречи уништувањето на озонската обвивка потпишани се голем број меѓународни протоколи, чија цел е контролирање на производството и употребата на штетните гасови.
Уништувањето на озонската обвивка е последица на повеќе фактори, од кои најголемо влијание имаат некои хемикалии присутни во горниот слој на атмосферата, а кои се користат во системите за ладење и системите за заштита од пожари.
Првата озонска "дупка" е откриена над Антарктикот во 1985 година. Со тоа научно се потврди постулатот на Sherwood Roland и Mario Molina дека хлорираните и бромираните јаглеводороди ја осиромашуваат озонската обвивка. Во 1995 година токму за ова откритие тие добија Нобелова награда во областа на хемијата.
Под терминот озонска "дупка" подразбираме рапидно намалување на бројот на озонските молекули или драматично осиромашување на концентрацијата на озонот, а не негово целосно отсуство.
За озонска "дупка" зборуваме кога вкупната концентрација на озон е помала од 220 DU.
Dobson Unit (Добсонова единица) ја мери вкупната количина на озон во вертикален столб во атмосферата, односно покажува колкава би била дебелината на озонската обвивка ако е компримирана на 0°С под притисок од 1 атмосфера.

субота, 08. септембар 2012.

Денот на писменоста


Денот на писменоста 8. септември
УНЕСКО предупредува дека вооружените судири се една од главните причини за неписменоста.
Во светот има околу 775 милиони неписмени кои не знаат ниту да читаат, ниту да пишуваат.
Според овие податоци скоро две третини од неписмените се жени. Поголем број живеат во Јужна и Источна Аизја, како и во Африка.

Среќен роденден Татковино!

Нека ни е честит 8 септември - Денот на независноста!


Денес Република Македонија одбележува 21 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава
Убедливо мнозинство над 95 % од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.
Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...
Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.
Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 168 држави во светот, а под уставното име е признаена од 132 меѓу кои и три од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина.