ПРИРОДА

Нема поголема темница од незнаењето.

недеља, 24. мај 2015.

субота, 23. мај 2015.

Атомска и нуклеарна физика

Внатрешна енергија и топлина

Отворен час по физика 

Внатрешна енергија и топлина - 14.05.2015



Колку е енергетски ефикасно моето училиште?

ООУ Димитар Миладинов Општина Центар Скопје
Колку е енергетски ефикасно моето училиште?


Колку е енергетски ефикасно моето училиште?

     Од направените анализи заклучивме дека не сме енергетски ефикасно училиште, туку сме многу штедливо училиште.

Под енергетски ефикасно училиште подразбираме користење помало количество на енергија за задоволување на  исти енергетски потреби.

Штедењето на енергијата  како и енергетска ефикасност значи намалување на енергетските трошоци, со таа разлика што со штедењето го намалуваме конфорот и се одрекнуваме од некои работи, а со енергетската ефикасност ништо не се менува  освен квалитетот на живеењето.

Сакаме да престојуваме во затоплени и свежи простории, секогаш со доволно светлина, да ја користиме модерната интерактивна табла, компјутерите, нагледните средства а и во секое време да имаме питка вода во училиштето.

Во последниве години направени се големи реконструкции во училишната зграда, сменети се подовите, електричната инсталација, прозорците во коридорите, осветлувањето и салонитниот кров е заменет со метален, но без термоизолација.

Би било убаво да се сменат прозорците во училниците, каде подолго време престојуваме каде многу е студено во зимскиот период а многу жешко во летниот период,  да се направи термоизолациона фасада на ѕидовите и кровот од училишната зграда.

Во редовната настава, учиме правилно и совесно да ја користиме енергијата, да  ја почитуваме природата и  да ја заштитуваме животната средина.
Тоа со задоволство го применуваме.

Што правиме за да бидеме енергетски поефикасни?

Не сме во можност да инвестираме за големи реконструкции на училишната зграда, но, можеме да дадеме придонес со нашето однесување и едуцирање на помалите соученици и жителите на нашиот град.

Научивме да го одбегнуваме отпадот, непотребната амбалажа да ја оставаме во продавниците, да го употребуваме повторно истото после употреба,

од отпадоците да правиме нагледни средства и уметнички дела,
да селектираме, рециклираме и компостираме.

Се грижиме за квалитетот на воздухот, барем четири пати во годината садиме дрвја.

Ја штедиме питката вода, по употреба чешмите ги затвораме а тие што капат чичко Лазар ги поправа и менува.

Барем еднаш годишно организираме Еко – кампања со цел да се зголеми еколошка и енергетска свест на нашите сограѓани.

Изработуваме календари, постери, брошури и обележувачи (за книги) со еко -  пораки и упатства за штедење на енергија, на пример:

Не нуркајте и не пливајте во када, туширајте се.

Затворајте ја чешмата кога ги миете забите, додека водата не ви потреба.

Перете ги алиштата само кога машината е полна.

Рециклирањето го забавува процесот на црпење од Земјата.

Помалку потрошена хартија, значи повеќе шуми и кислород.

Планетата Земја се дави во вода, а утре нејзините жители ќе умираат од жед.

Не сечи ги дрвјата, не ги уништувај тревките.

Климата се менува, помогни и на својата планета, биди примерен земјанин.

..............................................................................................

Клуб Млади истражувачи

ООУ Димитар Миладинов

ментор: Аида Петровска
 Видео - Колку е енергетски ефикасно моето училиште?


петак, 08. мај 2015.

Вежба за справување со пожар

08.05.2015 - ООУ "Димитар Миладинов"
Едночасовната вежба опфати обука за превенција од појава на пожар, вежба за справување со пожар, евакуација на ученици, посетители на училиштето, вработени, како и повредени лица и нивен пренос до безбедна зона.